londonce

1.

Лондон дефинитивно нема да ги види македонските спортисти. Ама ќе ги види македонските уметници. И, според мене, така треба! Секоја чест на одделни спортисти, ама во Македонија уметноста е сигурно многу, многу постара и поквалитетна од спортот. Иако уметниците не ги пречекуваат на аеродроми и не ги „поминуваат“ низ Триумфалната порта. Ама …

2.

Се разбира, кај нас секогаш мора да има едно – ама! Како правило, по default, што би рекол Јанко (и тој разбира што е default).

Па така, од вчера ние на лондончани им ја претставуваме изложбата „Made in Macedonia“, во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Лондон. Е сега, by the way, (можеби и ова Јанко го разбира!?), за истата оваа манифестација, некогашната „институција“ од Националната галерија, големата (по формат) Маја Крстевска, љубимица на едно чудо новинари (од Ѕвездан Георгиевски па на даље), пред година дена го лажеше Глигор Чемерски, ама онака – одвратно, дека таа него ќе го предложела за таму. Нејсе.

Супер што Министерството се решило, меѓу другото, и за изложба. Ама (пак тоа – ама …), можно ли е, по стоти пат, истите „уметници“ да ја претставуваат Македонија во странство?

Па зарем не им се смачи веќе од „уметници“ од типот на Јован Шумковски, Томе Аџиевски, Антони Мазневски, Благоја Маневски … па Симон Шемов … па Жанета Вангели …? А Вана Урошевиќ? Аман бе, се’ кој до којега – мој до мојега!

3.

Мислам – кого всушност лажеме? Самите себе си? Кога последен пат некој во државава видел изложба од Шумковски, Мазневски, Аџиевски, Шемов, Вангели … Што всушност тие сработиле последниве пет-шест години, а некои богами и десет-петнаесет? И што овие ќе изложат во Лондон? Дела од пред десет години? Браво, тоа е стручност и професионалност на кураторот!

Но, се разбира, вакви „прекрасни“ торти мора да имат дебел шлаг на врвот. Во случајов, тоа е ќерката на кураторот на изложбата, „фабулозната“ Ива Димеска, „фотограф“. Не сте чуле за неа? Па не чул никој, ама мајка и’ чула, а детево ги земало апаратите од татко и’ и мисли дека е фотограф! Уште еднаш браво. И нашава „видна“ уметничка делегација, на чело со Симон Шемов на негови години, учествува на изложба со – Ива Димеска. Ни мање, ни више!

Шемов

4.

А пази што вели кураторот, пак многупочитуваната Викторија Васева Димеска. Демек, избраниве биле „еден можен кадар од ликовната сцена на Македонија, што според својата идеја и мотивираност се вклопува во актуелните движења, токму во оние што ја кажуваат сериозната, искрена и длабоко хумана врзаност за некои реминисцентни фрагменти од традицијата, како инспиративен код, како носталгично сеќавање, како трансмисија“. Каков кадар од ликовната сцена кога се „мртви“ веќе десет години? Која црна идеја, ти нормална ли си? А и тие со тебе?

Во какви тоа движења можат да се вклопат овие, во праисториски? А Ива Димеска, и таа ли се вклопува? Во што? Само ѕирнете и’ го сајтот – ужас!

Но, додека се таму, барем нека ја видат најновата скулптура „Run“. Нешто може и да научат, ако им фаќат црпките!

run01

5.

Да беше само ова, па човек да каже – нејсе, ајде нека одат, нека кршат глава. Ама, зошто не одат со свои пари, на пример? Или нека им плати Викторија Васева!

Но, паралелно со ова, Павле Кузмановски изложува во Виена, во организација на нашиот амбасадор Ѓорѓи Филипов. А во Париз се претставува уметноста на Кавадарци, во организација на нашиот амбасадор Буџаку. Па сега, нашиве амбасадори немаат друга работа, туку организираат изложби? А и што друго би правеле. Само Филипов има силно зајакнување до себе. Никој друг туку Климе Коробар, велат консултант и куратор на изложбата, човек што го познавал творештвото на Кузмановски.

KlimeПа добро бре, ние нормални ли сме? Ако Коробар нешто познава, тоа е сопствениот џеб. Инаку е тутурутка за се’ друго. Од каде тој стана познавач на уметноста, па згора и куратор? Па тој не знае два збора за уметноста, а не некого ќе советува и кураторува!

Bookmark and Share

1.

Ако има нешто полошо од лош уметник, тоа е лош политичар. Се плетка кај што не треба (а каде ли треба?), говори за нешто што не разбира (а што ли разбира?) … се’ на се’ – ем никому не е потребен, ем секаде го гледаш!

Е такво едно типче, по име Андреј Жерновски, „чувствувајќи“ дека темата за жалните врби во Вардар е актуелна во јавноста и можеби носи поени (!?), решил да коментира што може а што не може да биде уметност. Според негови, (лошо)политички параметри и, очигледно, според негови никакви познавања.

Жерновски

2.

Не дека јас сум решил да ја бранам Искра или дека кај неа има што да се брани. Напротив! Тотално изгубен компас и очигледна „глад“ за профит. Сега му е мајката – со мајчица и чичица, полни џебовите. Обезбеди си ја иднината. Да не ја разбрала Искра премногу буквално паролата на дрвосадачите од „Денот на дрвото“? Да не му го земе приматот на оној сега веќе труба музикант Трајанов?

Но, барем формално, и не само заради мамичка, Искра Димитрова може да се третира како уметник. И тоа уште повеќе и’ дава право да мисли дека создава уметност и тоа јавно да го каже.

Има компетентни што ќе кажат што е што, ама Андреј Жерновски по ниту една варијанта не е тој. Тој може да биде само политичар, и тоа лош, зашто се впушта во коментари на нешто што не го разбира.

3.

Па така, мислејќи си дека е којзнае колку умен, за тој Жерновски (во „Фокус“ од 27 април) авторката те е виновна за ова, ама не е виновна за она, па требало ова ама не требало она. Па виновен е нарачателот, ама авторката користи политички речник. И на крај констатира дека проектот е – футуристички! Др’ж ме мајко, каде ли го виде ова? Го препиша од обраќањето на Искра и веднаш поверува во тоа. Каков бре црн футуризам, во врбите има се’, само футуризам – не!

Се рабира, Жерновски не пропушта да биде уште „попаметен“, па прашува „каква може да биде симболиката на тажните врби“?

Smitson

4.

Па, за него никаква, како што, претпоставувам, за него самата ликовна уметност нема симболика и смисла. Што ли би рекол Жерновски на делото Spiral jetty на Смитсон, или Сончевите тунели на Ненси Холт? Каква симболика би барал во овие ремек дела на ленд-артот?

Nansy HoltSun_Tunnel

Се рабира, уметноста има подлабока смисла и секако симболика од умствените можности на такви политичари. И тие никако да разберат дека не треба да се плеткаат во се’.

Слична глупост направи пред две години и Макрадули, во живо на А1 телевизија, влегувајќи во полемика со еден од „авторите“ во Скопје 2014, „скулпторот“ Јанев илити Леголав. И малиов, ај што е тутурутка, ама успеа да го изрезили Макрадули кој се дрзна да држи лекции по уметност.

5.

Но, конечно, Искра и нејзините врби несомнено имаат многу проблеми – идејни, уметнички, технички, финансиски, реализаторски … Но има и еден основен и најголем проблем: нејзиниот „концепт“ на „делото“ (sic, футуристичко) веќе не одговара на постојната ситуација на теренот. Односно, идејата (ако воопшто може за тоа да се говори) е за еден простор, а во реалноста имаме сосема нова визура – со нови мостови кои што сосема го разбиваат првичниот „концепт“!

tri-vrbi-vardar

Е ако Искрица навистина сака да се докаже како уметник, логично би било да одбие да го реализира „делото“ зашто просторот е тотално различен односно нарушен! Ниту има визура и коресподенција кон трите кули на Вардар (како што замислила „авторката“), ниту пак бараниот ефект може да биде постигнат во дадената ситуација.

Па тогаш, зошто толку трошоци и работа?

Bookmark and Share

1.

Секогаш сум тврдел дека работите треба / мора да се решаваат кога им е времето. Секое доцнење се покажува катастрофално, кобно, и конечно – безизлезно. И расте, добива сила, стекнува самодоверба, не баре (да простите) го фатило Господ за таквото.

Вакви случаи на нерешавање и нерасчистување со дилетантни, незнајковци, умисленици, самонареченици … веќе имаме премногу. И сите се резултат на нашето недејствување, летаргичност, систем „не се замерувај“ или „не е твоја работа“ и слично. Ама кога ќе стане твоја работа – доцна е!

Iskra

2.

Оттука, последниов случај со самонаречената уметница Искра Димитрова е токму таков случај. Откако мајка и’, „големиот“ стручњак Соња Абаџиева Димитрова ја промовираше во уметници, балонот почна да расте. И никој од нас не се најде малку да боцне, или да го проанализира за да видиме што всушност се крие во него. А се криеле – врби. И тоа – жални!!!

Ја слушам сега како се жали дека цели четири години работела на „проектот“ (!?), си го запоставила и личниот и не знам кој друг живот … Аман бе Искра, толку работа за три врби? Па да требаше навистина нешто сериозно да сработиш, колку време ќе ти требаше? Малку ти е и цел живот!

3.

Како и да е, нашава „уметница“ умее, се разбира со помош на „големата“ мајка, да се провре таму каде што друг не може. Така се провна и во Венеција пред десетина години, кога „големата“ мајка со „уште поголемиот“ чичко (или што ли е) Димитар Димитров, тогашен министер за култура, едноставно забранија да оди легално избран проект (на Хаџи Бошков), а ја „поттурнаа“ Искрица! И тоа без срам, без пардон или некаков морал.

А таа во Венеција, низ каналите, во гондола шеташе мртовечки ковчег! Како не стави некого внатре па да не’ куртули.

Впрочем, целата нејзина „кариера“ се темели на такви будалаштини, а поддржани од „големата“ мајка или друг „спонзор“. Последно што видовме од Искра беше повторно во режија на мајка и’, пред неколку години, кога во рамките на една изложба во МКЦ изложи садници олеандри во одвратни ламаринени канти од маслинки и сирење (нормално – грчки), и тоа повторно го прогласи за уметничко дело.

Ете од каде е опсесијата со садници, само сега за 250 илјади евра!

VRBI

4.

Но, дури и ова Вардар ќе го „голтнеше“ ( а ќе го голтне секако!), ако имаше макар промил оригиналност и идеја во целиот „проект“. Искрица мисли дека никој не знае дека уште Бојс садеше 7 илјади дрва во Касел во 1982, ама не доби толку пари.

Па безмалу неодамна, Славица Јанешлиева, како продолжение на нејзиниот проект „Бегалци“, засади во дворот на Даут пашин амам три дрва, од кои, за жал, заради умот на една кустоска во Националната галерија, остана живо само едно дрво. Но сепак – живее! А и Јанешлиева работеше за ништо. Ама – немаше „big mama“.

Оттука, Искра Димитрова може да ги лаже мајка и’ и чичко и’ дека направила којзнае што. А и парите ќе ги потроши. Ама срамот ќе остане. За неа секако, но се чини и за нас што дозволивме ваква креатура да ја манипулира македонската уметност толку години.

За воља на вистината Искра покажа некаков талент и иновативност на почетокот на деведесетите, во истражувањата на (сопственото) телото. Но сето тоа набргу падна во вода – токму оваа, Вардарска – од некакви или нечии нереални амбиции. А таква, секако, ќе биде судбината и на оваа нејзина будалаштина!

Beuys

(Се разбира, ова е Beuys!)

Bookmark and Share

1.

Секогаш кога човек ќе каже дека кај нас веќе ништо не може да го изненади, се фатил во сопствената стапица. Кај нас, секогаш, секаде, секакви изненадувања се можни!

На пример: Љупчо Георгиевски, оној политички кловн, говори за идентитет и ја брани македонската култура; Хаџи Пуља, оној фамозниот архитект сезнајко, сега разбира и иконопис и блаботи за иконите на Кирил Златанов; една кутра женичка (нумеролог!) на ТВ 24 часа, цел сат развива разни теории, меѓу другото дека имало активни и пасивни уметници (жити мајка!); велат дека онаа исклучителна Валентина Стефановска – Македонска станала професор на ФЛУ; Томе Серафимовски одамна, што ќе рече со месеци, не направил нов споменик (не знам што подзастана човеков!); ни Ацо фамозни Рембрант последниве два месеци не направил изложба, итн., итн.

Pulja

Tome

(види ги, срциња се!)

2.

Е сега, некој сигурно ќе искоментира – а зошто да не!? Па и јас тоа велам: зошто Љ.Г., од негова БГ визура, не би говорел за нашата култура, кога неа, македонската култура, и така не можете никаде да ја видите; или зошто Хаџи Пуља, после неговото бравурозно шоу со скулптурите во Скопје, сега не би преминал и на полето на иконописот, и да тресе глупости колку и како сака (кога има кој да го слуша); или земете ја на пример Калиопи – откако ја снема сенката на Тоше Проевски, оваа аздиса и сега сигурно си планира и за себе музеј (или барем спомен куќа)!

3.

Но, во крајна линија – зошто да не? Кога сите критериуми ги сведовме на една голема нула, кога на Љ.Г., после се’ што видовме и чувме од него, упорно му бутаат микрофон, кога на Х.П. нема кој буквално да му врзе заушница и да му го покаже местото, кога Т.С. сеуште го гледаат како скулптор ( а некои и како сериозен скулптор), тогаш – никој не ни е виновен! Во отсуство на квалификувано јавно мислење и став – се’ станува релативно, а глупоста релевантна, па и Љ.Г., Х.П., Т.С., А. С. итн. Таму каде што умните молчат – будалите говорат и, богами, работат.

4.

Слична беше ситуацијата неодамна со резултатите од Конкурсот на Министерството за култура, во делот на визуелната уметност. Се јавија гласови, оправдани, дека како и секоја година, изборот е најблаго речено чуден, со многу, или највеќе, непознати имиња и проекти што веќе на прв поглед звучат смешно – на пример „Преку ликовните уметности до спокајна старост“!

Но имаше и контра „аргументи“ – дека Комисијата што ги бирала проектите била составена од компетентни лица и тоа веќе е гарант за квалитет.

Се разбира, кај нас компетентноста е многу, многу растеглив поим, особено во ликовната уметност. Последниве години, постојани гости во спомнатата Комисија се безмалу само професори од ФЛУ. И сега некој ќе рече, па не ли се токму тие компетентни? Не само што не се, туку и не можат да бидат!!! Кога последен пат сте виделе изложба на некој од тие професорчиња? Кога сте виделе дело од Шумковски, Станковски, Мазневски (освен оние геометриски будалаштини), Маневски …? Кога воопшто нешто сте чуле за нив последниве десет години?

Во таков случај, тие ли се оние компетентните? Можеби, колку и Љ.Г. за културата, Х.П. за скулптура и икони, Т.С. за скулптура итн. Но, како што кај нас одат работите, сите овие дилетанти солидно работат за сопствената „спокојна старост“! Е па, кој ни е крив?!?

5.

Но, што би било убаво кога барем за кратко би застанале на овие изненадувања, нели?! Барем малку да потрајат. Ама кај нас ништо не трае долго. Па така, еве ни нови:

Донка

Се појави Донка Барџиева, и после шест-седум години „дебел“ молк, одеднаш и’ проработи професионалната “гордост“. Го опичува Паска – толку бива. Ама зошто се криеше толку време? Што ли смрдливо има сега пак тука – нешто и било ветено, па неисполнето, или се појавуват нови амбиции, или …?

А ете ти и чудо во Св. Димитрија! Се (само)очистиле фреските – ама само златната боја. Арно де – наместо Агатангел да фрла клетви, добро би било да се појави Хаџи Пуља и да објасни, или можеби дури и Вангел Божиновски. Или им е страв од Валентина Божиновска (не Стефановска!). Оваа кутра квази глумица стана експерт и за чуда.

Чудо

И погледнете ја убаво снимката на 1 мин. и 17 сек. – како светштеникот мангупски му намугнува на владиката. Демек – ги з…….!?

А зошто да не, па ние и така сме – живо чудо!

Bookmark and Share

декември 6, 2011 | | Напиши коментар

АЛО, РЕМБРАНТ!

 

ACO 

 

 

 

 

 

 

 

1.

Ако на релативно млади години прифатите (се претпоставува – свесно) прекар од типот на Рембрант (ееееј, Рембрант!), тогаш работите со критериумите стануваат некако проблематични. Не велам дека не годи да ве викаат на таков прекар, (или можеби Пикасо, Ван Гог и слично), ама тој прекар треба да се „покрие“ не само со квалитет, туку – со живот! Не ќе може да биде квалитет сличен на оној на вистинскиот Рембрант, ама барем да има некакви допирни точки, да има сламче човек да се фати, да не биде сето тоа – гола вода.

 

2.

Е нашиов, македонскиов Рембрант деновиве отвори изложба од, ни помалку ни повеќе, туку 300 дела (или „дела“!). Ни помалку ни повеќе! Толку Рембрант, оној вистинскиот, не сработил за цел живот. Ама тоа, се согласувам, не е битно. Ама битно е какви се, нели, делата – 300 „нудистички“ слики распослани во „Мала станица“, не баре се прави ретроспектива на нудизмот во македонското сликарство. И Рембрант мисли дека квантитетот практично раѓа квалитет, па бројот 300 ќе импресионира некого! За жал, тоа никогаш не се случува.

 15

 

 

 

 

 

 

3.

Но, во случајов е побитно нешто друго, побитен е моралниот колапс на нашиот Рембрант, кој секако морал да увиди некои нешта, ако не заради друго тогаш заради прекарот што си го зел. Па така, фрустрираново рембрантче од нашиот сокак (намерно или не) заборави дека е член на Советот на Министерството за култура и дека е, најблаго речено, неморално да користи средства од тоа исто Министерство во својот мандат! Но, тој тоа го направи и при изборот на наш претставник за Биеналето во Венеција, протуркувајќи го личниот зомби проект „Зеро“ (па го вратија од Венеција два месеци порано заради „дождови“!?), па си протурка проект во Њујорк, итн.

А нудистичкава изложба во „Мала станица“ му ја отвора никој друг туку „големата“ (по димензии) Маја Крстевска!?! На што спадна нашиов Рембрант! И заборави како се потсмеваше (да не речам подјебаваше) со таа иста сподоба порано, која пак сега, ни помалку ни повеќе, му напишала и текст во каталогот!?? Еееееј Рембрант, ти нормален ли си? Имаш ли претстава која е „големата“ (по димензии) Маја Крстевска и колку таа е стручна и писмена? И таа ти отвора изложба и ти пишува текст? Алал да ти е сликарството!

4.

Но, вакви морални лупинзи сме се изнагледале и во минатото, па некој ќе рече – навикнавме. Не е баш така, и не би требало да биде. Ама со македонскиве уметници, или барем со дел од нив, приказнава станува огавна, несварлива, мачна … дури морбидна. Како некој може себе си да си прави такви нешта? Како некој може да падне толку ниско па заради некакви цели да дозволи Маја Крстевска да му пишува („стручен“) текст во каталог? Па зарем самиот тој до толку не си ја цени сопствената работа и труд (да не речам уметност, ако воопшто ја има), па ја омаловажува на таков начин? Или нашево рембрантче, но и многумина други македонски „важни“ уметници (на пример Владо Георгиевски, Боро Митриќевски итн.) се всушност токму на тоа рамниште, а ние сме ги мислеле за нешто повеќе?

Bookmark and Share

1.

Секојдневиево ни има прилично богата понуда на настани, човек безмалу не може да се определи на што да му даде приоритет: Аце стигна дома, а најважен човек што го оценува е (повторно) д-р Елизабета Димитрова, византолог (sic!); нашиве, беа во Венеција и – се вратија (кој кого виде, не се знае!); младиве уште протестираат (сами!) … и многу други нешта. Ама наинтересен сепак е нашиот македонски прилог кон проучувањето на психологијата на уметноста (автор Мирослав Пендаровски), сосе тези од кои што, најчесто, боли глава! Па така:

Matisse-2 

2.

Една од најбитните тези на нашиов проучувач (како магистерска работа), која што директно ве удира во глава, е (парафразирано) дека „маката создава уметност, радоста – кич“!(???). Или, „вистинската уметност настанува исклучиво низ болка“!(??). Аман бе, не збори! И да е само оваа теза, многу е.

Па што во тој случај би правеле со сите оние ремек дела што не се производ на болката, туку токму на радоста на создавањето. На пример Матис, па Кандински, Сезан, Пикасо, па „Ода на радоста“, па …уште безброј други? Или, какво страдање има кај Мона Лиза? Дали туку-така ќе ги прогласиме како кич и можеби тоа веќе утре некоја будала ќе предложи да се учи во основните училишта? Можеби, а Димитрова ќе го предава на факултет!

Matis 1

Неверојатно е како може така лесно да се влечат тези / теории без најмали познавања на уметноста воопшто или на некоја уметност посебно. Да се постави ваква теза е невозможно дури и на некоја од нашите телевизии, а камо ли на тоа да се магистрира и да се објави книга. Ама, нели, Македонија и – се’ е можно!

 

3.

А кога сме веќе кај Македонија, и таа е дел од ова „истражување“, па авторот констатира дека токму „македонската уметност е феномен за себе, речиси немерлива со која било друга национална уметност во психолошка смисла“. И таа била таква токму заради фактот што „егзистирала во илегала“ (sic!), затоа што „уметноста што уметноста што произлегува од страдањата на еден народ е побогата и покреативна“!(??). Човек да чита и просто да не верува што се’ може да се напише, и објави, кај нас. А што ќе кажеме за франсцуската, британската, германската уметност? Или тоа не е уметност зашто тие земји помалку страдале? И кои се тие фамозни македонски уметници што произлегоа од тие толкави страдања и илегала? Психологот го посочува само „Тешкото“, и – толку! Не дека на „Тешкото“ би му нашол некаква замерка, ама знае ли психолот колку такви слични ора има на Балканов, во соседните држави, подеднакво произлезени од страдањата? Или – колку народи имале слична или иста судбина со македонскиот: со векови да бидат поробени, да се развиваат во слични услови, ама никој не ги прогласил само заради тоа за „феномен“!?

Цели цивилизации (кои инаку се учат или барем можат да се најдат во секоја подобра книга за светската уметност) биле збришани од лицето на земјата, оставиле зад себе вистински ремек дела, ама сеуште никој не ги прогласил за феномен наспроти уметностите на другите народи!

 MonaLisa

4.

И за да конечно покаже колку ја разбира уметноста, психологот вели дека „уметноста нуди можност преку едноставно шкрабање на листот … човекот да доживее катарза“!(??). Аман бе стручњак, од кога тоа едноставното шкрабање на листот се толкува како уметност? Каде, во која наука? И ако неговите луѓе преку такви шкрабања доживуваат катарза – какви ли луѓе се тоа? А што ли би доживеале при средба со вистинска уметност? Би паѓале во несвест, или всушност воопшто и не би разбрале за што станува збор?

Како впрочем и овој психолог кој пишува за нешта што не ги разбира. Ама му ги објавуваат!    

Bookmark and Share

1.

Уште еден „бисер“ во низата на Националната галерија – овојпат со изложбата по повод 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски! Изложба подготвувана безмалу цела година, бомбастично најавувана небаре ќе видите кој-знае-што и, на крајот – ЌОРФИШЕК! Уште колку изложби ќе треба да се упропастат за да конечно некој разбере дека луѓево, едноставно, не ги бива за таа работа. Дајте им таму да плетат или везат нешто (иако и тоа е доста сложена работа за нив), можеби само да варат кафе или слично, зашто ова нема крај!

И, ни помалку ни повеќе, апсолутно бесрамно и некритички, во каталогот се изнаредиле безмалу сите „кустоси“ на Националната галерија на Македонија како директни организатори или пак соработници на изложбата – вкупно 8 кустоси!!! Не баре подготвувале ретроспектива на Пикасо или Рембрант. И сите се наредиле со име и презиме: први се неизбежниот двоец (без кормилар) Мирјана Талевска и Славица Алексоска – апсолутни дунстери за уметност, а по нив ред се реди мале – кој од кој, вклучувајќи го и она селанче од Штип или пак географичарката Маја Димитрова! (Што ли работело ова сушстество на оваа изложба не е сосема јасно. Можеби имале тешкотии да го лоцираат Галичник на картата, или точната куќа на Личеноски, па оваа им помагала во ориентацијата!).

2.

И што (не) направиле овие 10 „стручни“ луѓе? Нема ниту еден стручен или критички текст за творештвото на Лазар Личеноски, нема ни две сериозни, авторски реченици што некако би го лоцирале неговото творештво денес. Потоа склепале некаква биографија на уметникот од шест-седум реда (како за почетник), му наредиле неколку изложби и полуписмена библиографија, и – толку. Сето тоа, се разбира, филувано со смешни извадоци од некакви стари текстови, од типот „кој што рекол за Лазара …“, и – толку. Ремек дело на нестручност, мрзливост и неспособност!

Ама има уште! Целиот каталог е филуван со „импресивни“ фотографски упропастувања на сликите на Лазар Личеноски, невидени до денес во Македонија. Сликите на Личеноски можеби и ќе ги препознаете според мотивите, ама според колоритот никако. Сите се во некакви жолтеникао-портокалови нијанси, бледи и непрепознатливи. За такви лоши фотографии односно за такво унакажување на нечие творештво богами треба да се одговара! А „мајсторот“ е новопечениот Игор Василев. Машала!

3.

Понатаму, цело време, пред и за време на изложбата, во медиумите се говори за некаква фантастична донација на семејстовото на Личеноски (всушност на неговата сопруга Зое, секоја чест) која што опфаќа 166 дела. А всушност, ќе видите само осумдесетина дела од Лазар Личеноски, и тоа главно сите – лоши! И тука не мислам на состојбата на делата – што е приказна за себе и за неа подоцна – туку за уметнички лоши дела што воопшто не му служат на чест на уметникот. Или, ако сакате, најголемиот дел се работи што не би требало да се изложуваат зашто само ја расипуваат (и онака климавата) претстава за сликарството на Личеноски. Или пак, ако излегува дека некој всушност правел некаков избор од вкупната донација, и ако ова е подоброто, како ли изгледа остатокот?

Licen 1

Зашто, да немаме илузии, Лазар Личеноски е всушност сосема просечен сликар. Дури, во одредени елементи, подпросечен, особено ако се гледаат неговите фигуративни дела. Човекот, за жал, нема чувство за фигура, за пропорција, за односи … Сите негови фигури изгледаат како карикатури – со непропорционални тела, големи глави, предолги раце и слично. Неговите актови (на пример Капачките и др.) се дегутантно изобличување на женското тело заради неумеењето да се наслика акт, а не избор и намера како кај Ботеро, Пикасо, Леже итн. И сето тоа не може да се „покрие“ со т.н. уметничка визија, зашто тоа нема врска едното со другото. Овде се работи за незнаење, непознавање, неумеење …

Licen 2

 

 

 

 

 

 

За разлика од неможноста да ја согледа човечката фигура, во портретот постигнува солидни резултати (на пример Портрет на Роберта Бирбриџ и др.)!

 Licen 3

 

 

 

 

 

 

 

 

4.

Всушност, Лазар Личеноски е сликар на македонскиот пејзаж, и тука, во неговото време, му нема рамен. Се’ што е поврзано со македонската почва, со македонскиот предел – далјани, афиони, полиња, планини, донекаде и бачилата – тоа е неговото ликовно кредо, неговото мајсторство. Сето друго не би требало да се изложува, особено не на вакви јубилејни претставувања.

Licen 4

 За крај уште еден бисер: сите изложени дела се во истата состојба каква ги оставил уметникот пред педесетина години. Со исти (никакви) рамки, неисчистени / некозервирани платна и сл. Се „немало време“ ни за тоа сликите барем малку да се освежат, да се дотераат. Наводно многу се работело – само на што?

Bookmark and Share

1.

Покрај се’, мора да има и дополнителен скандал. И тоа со кој друг ако не со – жири комисијата! Што, впрочем, воопшто и не е некоја голема новост зашто кај жири (или селективните) комисии во ликовната дејност, а особено таа што одлучува(ла) за Венециското биенале, како по правило последниве години е – скандалозна. Си се испраќаат еден со друг во Венеција колеги професори, другари и пријатели, блиски и далечни … како да одат и испраќаат некого на пазар во Куманово или Тетово, а не на најзначајната светска ликовна манифестација. Па впрочем, затоа и така поминуваме, не само таму.

Venecija

2.

Дневниот весник „Шпиц“ (11.02.2011) ги открива „тајните“ врски на Комисијата за избор на македонски проект за Венециското биенале со избраните проекти.

Па така, членот на Комисијата, „многупочитуваниот“ подлизурко Владимир Величковски ти бил кум на кураторот на проектот „Зеро“ Горанчо Георгиевски! Ај што овој вториов, од штипско сељанче и лево сметало во Националната галерија стана, ни помалку ни повеќе, туку куратор за Венециско биенале, туку тоа на тацна му го дава никој друг туку неговиот кум В.В. Аман бе куме, ќе направиш ли еднаш нешто чесно во животот!

А кумот пак, според „Шпиц“, потпишал и изјава „дека при изборот на претставниците за Венециското биенале нема конфликт на интереси“! Жити мајка, куме. Па кога би имало конфликт на интереси, кога би му бил брат, сестра … што ли?! И згора на се’, вели „Шпиц“, „во врска со ова и Величковски, и Георгиевски, одбија да дадат коментар“! А што ли би кажале „хероиве“?

3.

Но, се разбира, кај нас смредеата не може да остане само кај едни. Мора да се рашири кај сите, убаво да засмрди, да корне! Па така, уште еден член на истата Комисија за Венеција, овој пат (бившиот) скулптор Васил Василев, одлучувал за проектот на Националната галерија која што, само пред месец дена, му го вработила синот!!! И, вели „Шпиц“, „се претпоставува дека изборот на нивниот проект е возвраќање на услугата“. А што друго би можело да биде? Да не, случајно, одлучувал за некакви сериозни проекти? Па веќе ги видовме „капацитетите“ на Василев при неговото одлучување за скулптурите низ централното подрачје на Скопје! Ако овој човек разбира што е уметност (или, поконкретно – скулптура) тога само поминете низ градот и се’ ќе ви стане јасно. На пример, онаа хорор “Риба“ пред хотел Бристол! И тоа за Василев е – уметност?

aleksandar-stankovski

4.

И смрдеата се шири, и се шири … па доаѓа, вели „Шпиц“, до „големиот“ Ацо Рембрант, илити сега мегафон Ацо Станковски, кој е член на Советот на Министерството за култура, а неговата група „Зеро“ оди, ни помалку ни повеќе“ туку – на Венециско биенале! Браво бе Ацо, „гуру“ од вистински маштаб, балканско-мафијашки!!! И се вади дека тоа не била негова идеја тулу на групата. А групата не постои веќе 15-20 години. И што ли сега ќе прикаже во Венеција група што – не постои? И зошто воопшто носиме во Венеција нешто што не постои? „Зеро“ беше некаков локален куриозитет пред дваесетина години, некаков историски сегмент на македонската ликовна сцена и добро ќе беше така и да остане(ше). Да не се резилат, особено не на ваков начин!!!

Но, да се вратиме на „големиот“ Рембрант, пардон Ацо. Според „Шпиц“, тој вели: „Кога дознав дека тој (проектот, м.з.) треба да не претставува во Венеција, не ми беше многу мило, бидејќи знаев дека ќе почнат да се спомнуваат извесни конфликти на интереси“. (Ова изгледа треба да не разнежи!). И понатаму: „… не станува збор само за мене туку и за други уметници на кои не би сакал да им ја уништам шансата да се претстават на биеналето“. (Е ова требаше да не расплаче!).

Во ред, нека биде и така. Ама – еден предлог до Станковски, Ако се е така, акоима(л) такви „чувства“, нека не учествува во проектот, нека ги остави другите, нека се тргне на страна … Ќе има ли (барем) таква доблест, ако веќе сите други ги прокоцка?

5.

И сега – што? Велат, никому ништо, било – поминало! Како и се’ друго кај нас. Ама резилот останува, барем кај оние што (се уште) имаат некакво достоинство, некаков образ! Горенаведените тоа одамна го изгубиле (ако воопшто го имале), но тоа и не е така битно. Битно е што повеќето така размислуваат денес. Дека што и да се направи, дека секаква гадотија и резил ќе бидат покриени од времето, дека луѓето ќе заборават, а тие ќе си ги прошетаат газовите во Венеција. Со народни пари!

Bookmark and Share

1.

Вечна, неодгатлива тајна: каква е / која е природата на човекот?! Или имаат ли сите луѓе по дефиниција иста / слична природа?

Веројатно да, во некоја длабока суштина, закопана којзнае каде во подсвеста. Се’ друго е генетска импровизација. Инаку, како и зошто различни луѓе, во исти ситуации, би се однесува – различно?!

2.

Се разбира, овој текст ни од далеку нема намера да расправа или полемизира за сите пројавности сврзани со различните природи на човекот, вчера и денес. Но би сакал да расправа / евентуално да полемизира за одделни типови на однесувања на човекот. Не само на човекот сега и тука, туку и во минатото, поблиско и подалечно, на различни географски широчини и должини.

Или, ако сакате, зошто сите општествени системи особено ги љубат лицемерите, хипокритите, вовлекувачите, превртливците …? Системот не може биз нив, или – тие не можат без системот?

3.

Кои се вистинските мотиви на Јуда за предавството на Христос? Парите, оние бедни триесет сребреници? Секако не! А Каин и Авел? А уште безброј други примери за (најблаго речено) чудната природа на човекот!?

Но, всушност, ваквиот вовед не докрај го оправдува примарниот поттик за овој текст, но сепак … Или, како е можно, како што посочува Матвеевиќ, Мандељштам да пишувал поезија во чест на Сталин? И Бабел? И редица други имиња на руската авангарда? Оттука, чудно ли е ова што се случува и кај нас? Ако можеле и такви имиња да ја веднат главата, што останува за обичните смртници. Знаењето е моќ, но моќта не е сила, вели Ферид Мухиќ. Зависи! Или наведната глава сабја не ја сече!?

4.

Која е / каква е природата на македонскиот интелектуалец? Поинаква од другите? А зошто би била!? Примерите не велат така,  особено не во минатото, ниту пак денес. Безмалу обратно! Томе Серафимовски вели дека „течењето“ на бронзата било нормално; Милчо Манчевски вели дека Македонија нему му должи …! (Да, знам, овие ги сместив во интелектуалци, ама … најсвежи примери се).

Или пак, Емил Алексиев вели: „Ако Пикасо го промовираше кубизмот како правец, сите други што работеа во манирот на кубизмот се плагијатори“!(?). А Башевски вели: „Да беше од мермер, ќе ми велеа дека правам плагијат на Микеланџело“!(?). Аман те бе луѓе! Па толку ли е важна таа Венеција?

Basevski 2

За каква пак човечка природа тука станува збор??? При ум недоветни, при очи слепи, при уши глуви…!

5.

Што сакат да ни докажат овие? Дека сме слепи, не знаеме да гледаме, дека ништо не сме научиле, дека можат да тртљаат до сто и едно и назад и некој ќе им поверува … Сме биле злонамерни и тенденциозни, вели Башевски! Жити мајка!!!

А Алексиев „објаснува“ дека проектот „се занимава со идејата на човечкиот напор да се надмине себеси“, дека „тоа е приказна за човекот кој се обидува … да стане повеќе од тоа што е“. Каква подсвест – па токму за тоа станува збор, токму тоа и го велат сите (барем оние што умеат да гледаат)! Желба да бидете нешто повеќе од она што објективно сте!!

А „Зеро“, а Ацо Станковски? Каков ли пак тие филм си смислиле и го вртат во главите, каква ли е пак тоа приказна за бедни луѓе што се претставуваат за кој-знае-што!? И тоа сега, после цели дваесет години!??

Какви човечки природи!

Bookmark and Share

1.

Една македонска скулпторка (или подобро речено „скулпторка“) деновиве не’ просветли дека „поклопувањето и потпирањето врз туѓо искуство е многу присутно во уметноста“! Ау, откри топла вода во 21 век!!! Ама и во тоа „епохално откритие“ оваа наша „уметничка“ прави епохална утка. Прво, поклопувања има во кујна – се поклопуваат тенџериња и слични кујнски предмети, и тоа со капаци. Па и потпирања нема во уметноста. Има во парк – се потпираш на дрво, или на автобуска станица, додека чекаш, се потпираш на столб, и слично. Ама во уметност да се поклопуваш со или да се потпираш на нешто, е тоа е навистина нејзино откритие! Или, можеби, „уметничкава“ сака да ни открие уште една „тајна“ – дека во уметноста е присутно нешто што се нарекува влијание, инспирација, наликување … и редица други поими што всушност го означуваат тоа што „уметничкава“ сака да го каже.

Baseski

2.

А таа, во контекстот на еден од нашите најново избрани претставници за Биеналето во Венеција, всушност сака да измисли поблаг поим, полесен збор од зборот – плагијат!

Имено, на многумина, и тоа не случајни туку наводно стручни луѓе, скулптурите на Жарко Башевски што треба да не’ претставуваат во Венеција, (пре)многу наликуваат на скулптурите на австралискиот уметник Рон Мјуик. И за да не го навреди Башевски, кој можеби и’ бил професор, нашава „експертка“ бара меки синоними, ама … Повторно сите работи водат кон истото: скулптурите премногу личат на оние на австралиецот! (Не да личат, убиваат!).

mueck 1mueck 2

А за живо чудо, и тие, скулптурите на Мјуик, биле изложувани токму ви Венеција и токму на Биеналето, само пред десетина-единаесет години. И сега – што? Па, ништо. Нашата „стручна“ комисија ги одбрала нашиве како „… ново ликовно истражување …“ (sic!). Но, се разбира, за некои наши луѓе и топлата вода денес е новост! А всушност, којзнае што гледале „стручњациве“, можеби се гледале себеси, во Венеција. А можат и да ги прочитаат коментарите по повод изборот во Дневник. Нешто може и ќе научат!

Ron-Muecks-Big-Man

3.

Како и да е’, најголемиот дел од современото ликовно творештво навистина се бави и со реинтерпретации, асоцијации, намерни инспирации … Малку има оригиналност, но затоа многу се цени!

Но, ако во овој случај може да има и различни толкувања (се разбира, натегнати!) еве еден друг, почист случај!

4.

Кога и да сум пишувал за уметноста на академик Томе Серафимовски, тоа сум го правел во, за жал, повеќе или помалку, негативен контекст. Зашто човеков е одличен занаетчија, уште подобар бизнисмен, ама уметник – не е! Но дури и во такви прилики сум пишувал со извесна доза на почит кон неговите години, кон неговиот стаж, кон неговото искуство и слично.

Но, деновиве, случајно, на веб сајтот на ливницата Јеремиќ видов дело што буквално ме фрапира. Делото се вика Раце на пријателството, (2001) и се наоѓа во Нирнберг, претпоставувам како подарок од град Скопје на овој збратимен град. И делото немаше да ми остави никаков друг впечаток, ако само неколку дена претходно не ја бев загледал повторно изложбата на Димо Тодоровски во Даут пашин амам!

5.

Димо Тодоровски, во далечната 1979 година, во гипс изработил камерна скулптура наречена Раце. Или, ако сакате, истите оние раце што „маестро“ Серафимовски ги „подарил“ како свои во Нирнберг!

SDC11023

Се рабира, сите неопходни мерки на претпазливост навидум биле преземени од нашиов академик – наместо јаже кај Димо неговите држат некаква метална палка, рацете кај него се малку пораздалечени и слично! Ама, инаку, се’, и буквално се’ друго е – бесрамно исто!

6.

И повторно да се вратиме на нашата „уметничка“ од почетокот: во случајот со Башевски можеби и можеме да си играме криенки од типот поклопци и потпирки, ама ова кај Томета се вика – кражба!!! Тоа не е ни влијание, ни наликување, ни инспирација … туку буквално препишување, пресликување, плагијаторство … илити – крадење!

Ама ајде што тој, се разбира како „академик“, поттура туѓи работи, ама оние дилетанти од градот Скопје ги подаруваат во знак на пријателство!

Bookmark and Share